Burak Bir
06 Август 2019•Ажурирај: 07 Август 2019
ХАТАЈ (АА) - Околу 22 осомничени лица денеска се уапсени во јужна Турција поради нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, истакнаа безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Откриено е дека осомничените, меѓу кои има жени и странски државјани, се вклучени во терористички активности во корист на ДЕАШ во Сирија.
За време на рациите на неколку адреси, биле запленети дигитални материјали и документи на организацијата.
Во нападите на ДЕАШ во Турција загинаа над 300 лица. Терористичката организација за цел ги имаше цивилите во бомбашки напади, ракетни и вооружени напади.
Турските безбедносни сили се вклучени во долготрајната кампања за борба против ДЕАШ.