Burak Bir
06 Август 2019•Ажурирај: 06 Август 2019
ИЗМИР (АА) - Турските безбедносни сили денес уапсија девет осомничени, вклучувајќи војници на должност, поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, велат безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Од Канцеларијата на јавниот обвинител претходно во Измир беа издадени налози за приведување на 18 лица“, се вели во соопштението.
Налозите за приведување, вклучувајќи ги оние за 12 офицери во служба, беа издадени како дел од истрагата во тајната структура на терористичката организација во рамките на Турските вооружени сили.
Безбедносните сили рано утринава од Измир започнаа истовремени рации во девет области и уапсија деветмина од осомничените.
Потрагата по останатите осомничени низ земјата е во тек.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.