Ramazan Ercan
19 Јануари 2017•Ажурирај: 20 Јануари 2017
ИЗМИР (АА) - Во последните три години, во водите на Егејското Море и на Медитеранот беа фатени повеќе од 143.000 илегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на илегални мигранти кои беа фатени од тимовите на крајбрежната стража на Турција е поголем од целокупното население на четирите турски места Килис, Ардахан, Тунџели и Бајбурт.
Во последните три години, тимовите на теренот извршуваат акции за фаќање на илегалните мигранти кои преку илегални патишта се обидуваат преку Егејското и Средоземното Море да стигнат до грчките острови.
Во текот на акцијата се користени два брода, 58 чамци, девет хеликоптери, три авиони, а учествуваа и 1.200 луѓе. Во акциите спроведени во 2014 година, беа фатени 14.961 мигранти, во 2015 година бројот изнесуваше 91.611, а минатата година 37.130 мигранти.
Илегалните мигранти се обидуваа на различни начини да стигнат до грчките острови, а илјадници ги загубија своите животи на „патот на надежта“. Беа користени гумени чамци и разни неисправни поморски средства за транспорт.
Во последните три години, во Егејското Море животот го загубија 540 мигранти.