Hasan Namlı
25 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Безбедносните сили на Република Турција неутрализираа најмалку тројца припадници на терористичката организација ПКК во акција спроведена во југоисточниот турски град Дијарбакир, јавува Anadolu Agency (AA).
АА од безбедносни извори дознава дека турската жандармерија спровела антитерористичка акција во местото Лиџе, недалеку од градот Дијарбакир.
Во текот на акцијата дошло да размена на оган, а според првичните информации неутрализирани се најмалку тројца терористи на ПКК.
Акцијата во подрачјето на градот Дијарбакир продолжува.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на својата тридецениска кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.