Gizem Nisa Çebi
16 Мај 2025•Ажурирај: 16 Мај 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Украина започна во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.
САД се претставени од државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција, Том Барак, и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.
Во делегацијата на Украина се и Андриј Јермак, шеф на претседателскиот Кабинет, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.
Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирот меѓу Украина и Русија.