İsmail Fidan
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Најмалку пет лица загинаа во уривањето на хеликоптер во турскиот град Истанбул, потврди гувернерот на Истанбул, Васип Шахин, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот истакна дека според првичните податоци, пет лица загинаа во уривањето на хеликоптерот, во населбата Бујукчекмеџе, во европскиот дел на Истанбул.
Шахин за АА потврди дека хеликоптерот, кој е во сопственост на приватна фирма, полетал од аеродромот „Ататурк“ во 11.16 часот по локално време. Според неговите зборови, хеликоптерот се урнал од сѐ уште неутврдени причини. Шахин додаде дека екипите на теренот работат на отстанувањето на деловите од хеликоптерот на патот.
На местото на несреќата се упатија екипи на противпожарната служба.