Muhammed Enes Can,Murat Kaya
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Најмалку 31 лице осомничено за поврзаност со терористичката организација ДЕАШ лишени со од слобода во повеќе координирани акции на турската полиција на подрачјето на Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Во полициски акции изведени по налог на Одделот за борба против тероризмот и организиран криминал на Обвинителството во Истанбул, од слобода се лишени 31 осомничен од вкупно 41 лице за кои е издаден налог за лишување од слобода поради сомнеж за членство во терористичката организација ДЕАШ.
Полицијата изврши претреси на десетици локации, а потрагата за десетте осомничени и понатаму трае.