Esra Kaymak
23 Декември 2016•Ажурирај: 23 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили денес објавија дека во регионот на Ал Баб во Сирија се неутрализирани 22 терористи на ДЕАШ како дел од офанзивата „Штитот на Еуфрат“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на Генералштабот на турската војска уништени се 51 позиција на ДЕАШ и 37 објекти, вклучувајќи ги и оние што се користат за сместување и како зајакнати позиции за одбранбени цели, три складишта за оружје и еден логистички центар.
Турската армија ги поддржува борците на Слободната сириска армија (FSA) во нивните напори да го ослободат Ал Баб од ДЕАШ. Денес изминува 122. ден од почетокот на опсадата на градот Ал Баб во обид да биде ослободен.
Оваа акција е дел од голема офанзива наречена „Штитот на Еуфрат“, која започна кон крајот на август, а чија цел е да се подобри безбедноста, да се поддржат коалициските сили и да се елиминираат терористичките закани долж границата на Турција со Сирија. Операцијата ја извршуваат борците на ФСА со поддршка на турската артилерија и авијација.
Од започнувањето на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турските екипи за уништување експлозивни направи неутрализираа 2.208 рачно изработени експлозивни направи и 42 мини во областите ослободени од ДЕАШ.