Selma Kasap
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
АНКАРА (АА) – Во операцијата „Канџа 2“ неутрализирани се тројца терористи на ПКК. Од 27 мај, кога започна операцијата „Канџа“, до денеска, неутрализирани се вкупно 71 терорист, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на Министерството за национална одбрана на Турција, во операцијата „Канџа 2“, која успешно продолжува во северен Ирак, идентификуваните тројца терористи неутрализирани се со воздушните напади на турските воени сили.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.