Lale Köklü
26 Септември 2018•Ажурирај: 26 Септември 2018
ХАТАЈ (АА) - Во појасот Раџо во Сирија, екипи на МИТ (Турската разузнавачка служба) и жандармеријата, фатија уште двајца терористи на ЈПГ/ПКК кои стојат зад нападот во кој загинаа двајца турски војници, за време на операцијата „Маслинова гранка“, и ги донесоа во турскиот град Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
По фаќањето на деветтемина терористи кои стојат зад нападот во кој загинаа поручникот Огуз Каан Уста и водникот Мехмет Муратдаги, и киднапирањето на телото на поручникот Уста, тимовите на МИТ и жандармеријата го продлабочија сослушувањето.
По добиените признанија од страна на фатените терористи и проценката за теренот, поставеноста и сместувањето на терористите во подрачјето на Раџо во Африн, фатени се уште двајца осомничени за вмешаност во настанот. По фаќањето, двајцата терористи се донесени во Турција.
По земените искази од осомничените Р. Б. А и Р. Х. М., тие се испратени до Кривичниот суд во Хатај со барање за притвор.
Двете лица се приведени под обвинение за „членување во вооружена терористичка организација“, „убиство со умисла“ и „нарушување на државното единство и интегритетот на земјата“.