Cankut Taşdan
01 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во антитерористички акции спроведени во Турција од 25 декември 2017 година до 1 јануари 2018 година неутрализирани се 13 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за внатрешни работи на Турција се соопштува дека во последната недела од минатата 2017 година организирани се 1.119 акции.
Во акциите приведени се 125 лица под сомнение за пружање помош на терористичката организација ПКК, 325 поради поврзаност со ДЕАШ, 493 во рамките на борбата против терористичката организација ФЕТО, како и пет лица во рамките на борбата против левичарските терористички организации.
Во акциите приведени се вкупно 4.810 лица, меѓу кои 948 за терористички активности и 98 за нелегална миграција.
Припадниците на турските безбедносни сили неутрализираа 13 терористи, од кои пет се убиени, седум приведени, додека еден се предаде.
Покрај тоа, во турските области Ван, Тунџели, Ерзинџан, Игдир, Битлис, Османије и Ширнак уништени се 71 скривници, засолништа и пештери, како и 23 импровизирани експлозивни направи и мини.
Турските безбедносни сили запленија 262 килограми материјал за експлозив, 13 рачни бомби, 21 парче оружје и над 7.400 парчиња муниција.
Во рамките на борбата против нарко-мафијата, во 77 градови спроведени се 2.844 акции при што запленети се поголеми количини на опојни средства, а приведени се 3.764 лица.