Emre Sahinol
19 Јули 2017•Ажурирај: 20 Јули 2017
САМСУН (АА) - Во Самсун, град во северниот дел на Турција, со свечена церемонија на стадионот „Нов 19 мај“ ("Yeni 19 Mayis") синоќасе отворени Олимписките игри за лица со оштетен слух 2017, објави Anadolu Agency (AA).
На овогодишните, 23. последователни олимписки игри учествуваат повеќе од 3.000 спортисти од 97 земји, што е најмасовното учество во историјата на овие игри.
Олимписките игри за лица со оштетен слух 2017 година ќе траат до 30. јули.
Спортистите ќе се натпреваруваат во 20 дисциплини, вклучувајќи фрлање копје, атлетика, бадминтон, кошарка, фудбал, голф, борење, карате, пинг-понг, теквондо, тенис, одбојка и пливање.
Олимписките игри ќе се одржуваат во 37 спортски комплекси, во осум квартови на Самсун.
Во 1924 година, во Париз се одржаа првите Олимписки игри за лицата со оштетен слух.
Соединетите Американски Држави (САД) се најуспешната земја во историјата на Олимписките игри за лицата со оштетен слух.