Burak Bir
21 Јануари 2020•Ажурирај: 22 Јануари 2020
ИЗМИР (АА) - Полицијата денес приведе 21 осомничен припадник на ПКК/КЏК поради поврзаност со оваа терористичка организација во Турција, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приведувањата се случија откако Канцеларијата на јавниот обвинител во Измир издаде потерници за 25 лица во четири турски области, поради поврзаност со терористичката организација“, велат изворите кои побараа да останат анонимни.
Меѓу приведените се копретседателот на дистриктот Конак, Х.И., и други официјални претставници на областа Измир од редовите на Народната демократска партија (HDP).
Полициската потрага по преостанатите е во тек.
Народната демократска партија (HDP) веќе подолго време се товари од властите за поврзаност со терористичката ЈПГ/ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.