Gözde Bayar
26 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа најмалку двајца вооружени терористи во југоисточна Турција, соопшти денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во рамките на операцијата „Јилдирим-2 Џило“, терористите беа цел на припадниците на локалната команда на жандармеријата и на покраинскиот Директорат за безбедност во областа Хакќари“, се наведува во соопштението на Министерството.
Припадноста на терористите не е спомената, но во тој регион активна е терористичката организација ПКК.
„Операцијата во регионот продожува“, се додава во соопштението.
Ова лето Турција започнаа низа безбедносни операции за неутрализирање на терористите за кои се верува дека се кријат во источниот и југоисточниот дел на земјата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.