Ali Murat Alhas
21 Декември 2019•Ажурирај: 23 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е спроведена операција против наркотероризмот во југоисточната турска област Дијарбакир, со учество на стотици припадници на безбедносните сили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операцијата „Киран-11“ има за цел да ги спречи зимските подготовки на ПКК, да ги неутрализира нејзините терористи во регионот, да ги уапси дилерите на дрога и да ги елиминира изворите на финансии на терористичката организација.
Во операцијата учествуваа 1.260 припадници на безбедносните сили, односно специјалната жандармерија, полициските сили, како и локални безбедносни припадници.
Турција се бори против наркотероризмот, при што оваа година конфискуваше над 40 тони марихуана и заплени околу 40 милиони стебла канабис.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
Терористичката организација ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште од 1980-тите години. Интерпол проценува дека 80 отсто од европскот пазар на дрога се снабдува од мрежите под контрола на ПКК.