Fırat Taşdemir
30 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
ИЗМИР
Градоначалникот на општина Измир, Тунч Сојер, исткана дека добиле пријава дека се срушиле околу 20 згради во земјотресот кој се случи на отворени води кај Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сојер даде изјава по земјотресот со јачина од 6,6 степени кој се случи на отворени води во Егејско Море, кај местото Сеферхисар во Измир.
Тој рече дека моментално немаат соодветни точни информации и дека добиле само некои пријави.
„Добивме некои пријави. Се срушије згради особено во Бајракли и Борнова. Се обидуваме да добиеме информации околу тоа. Не поседуваме информации за загуба на животи. Сега сме на пат. Добивме пријава дека се срушиле 20 згради. Се обидуваме да стигнеме до Бајракли. Како што се гледа, најкритични места се Бајракли и Борнова“, нагласи Сојер.
Земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтер го погоди утринава Егејското Море, поточно водите на подрачјето Северихисар кое припаѓа на западниот турски град Измир.
Управата за вонредни состојби во Турција (АФАД) потврди дека епицентарот на земјотресот е забележан во 14:51 часот по локално време, во Егејското Море, 17 километри од брегот на Северихисар.
Наведено е исто така дека земјотресот, кој се почувствува и во Истанбул, е забележан на длабочина од 16,54 километри.
Гувернерот на Измир, Селим Кошгер, изјави дека сѐ уште нема информации за евентуалните жртви.