Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
15 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА (АА) - Двајца терористи на ПКК се неутрализирани во воздушната операција во југоисточна Турција, соопшти турското Министерството за одбрана, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата во подрачјето Силопи во областа Ширнак беше спроведена од турските воздушни сили", соопшти Министерството.
Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи утринава соопшти дека операциите против терористите во регионот се во тек.
Турските сили долго време спроведуваат операции против ПКК во регионот.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.