Yasemin Kalyoncuoğlu
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА
Во претходните 24 часа во Турција се потврдени 4.062 нови случаи на заразување со Ковид-19, а бројот на починати се зголеми на 1.403, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на прес-конференцијата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој истакна дека бројот на заразените е зголемен на 65.111 лица, додека до сега се излекувани 4.799 заболени и пуштени од болница.
Коџа изјави дека во изминатите 24 часа починале 107 заразени и дека бројот на починатите се зголемил на 1.403.
Турскиот министер за здравство истакна дека систематската борба против ширењето на Ковид-19 вродила со плод и дека Турција со придржувањето на мерките може брзо да се врати во нормален тек на животот.
Тој додаде дека до сега на Ковид-19 се тестирани 443.626 лица.