Burak Bir
03 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на Самитот на НАТО во Лондон повика на безусловна поддршка на Сојузот во борбата против тероризмот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател во изјавата за медиумите на Меѓународниот аеродром „Есенбога“ во Анкара, порача дека земјите членки би требале да работат на јакнење на НАТО за да се соочат со заедничките закани, наместо да бараат алтернативи.
„Реформата на НАТО во согласност со денешните закани е неизбежна“, изјави Ердоган.
Ердоган исто така нагласи дека Турција е единствената земја која се бори против терористичката организација ДЕАШ, и која ја има поразено во Сирија.