Burak Bir
15 Март 2021•Ажурирај: 15 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод 10-годишнината од граѓанската војна во Сирија напиша статија за „Блумберг“, чие седиште е во САД, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Турската нација верува дека воспоставувањето политички систем што е способен да ги претставува сите Сиријци е од суштинско значење за враќањето на мирот и стабилноста во земјата“, наведува претседателот Ердоган во текстот.
Во текстот, претседателот Ердоган потенцира: „Верувам дека враќањето на мирот и стабилноста во Сирија во голема мерка зависи од искрената поддршка на Западот кон Турција.“
Во врска со односот меѓу Западот и терористичката организација ЈПГ, Ердоган вели:
„Западот прво мора да заземе јасен став против ЈПГ, која ги напаѓа безбедните зони (во Сирија) и го поддржува крвавиот режим.“
Зборувајќи за соработката на Турција и САД во Сирија, Ердоган продолжи со зборовите:
„Администрацијата на Бајден, исполнувајќи ги своите ветувања, треба да работи заедно со нас за да се стави крај на трагедијата во Сирија и да се одбрани демократијата.“
Претседателот Ердоган во текстот зборувајќи и за поддршката што Турција ѝ ја дава на Сирија во текот на граѓанската војна во оваа земја, истакна: „Со гордост можам да кажам дека уште од почетокот на граѓанската војна, во ниту еден момент не се смени позицијата на Турција кон Сирија.“
Зборувајќи за напорите во изнаоѓањето решение за мирот во Сирија, претседателот Ердоган наведе: „Нагласуваме дека не е можно мирно и трајно решение за Сирија доколку не се оддаде почит кон територијалниот интегритет и политичкото единство во земјата.“
Претседателот Ердоган се осврна и на безбедносните зони формирани на територијата на Сирија, при што наведе: „Безбедните зони што ги формираше Турција заедно со локалните елементи се доказ за нашата посветеност за иднината на нашиот сосед (Сирија).“