АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на отворањето на вонредната седница на Советот за религија на Управата за верски работи на Република Турција зборуваше за терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
„Знам дека сѐ уште има такви што не веруваат во она што се случи. За жал, знам и за такви кои ‘гледаат, но не забележуваат’. Заврши периодот на сомневање и започна периодот на борба", истакна Ердоган. Претседателот на Турција Ердоган, учествуваше на, која се одржува во хотелот „Билкент” на тема „Обидот за државен удар на 15 јули и единството, солидарноста и перспективите за иднината, наспроти злоупотребата на религијата".
Во својот говор на отворањето на вонредната седница на Советот за религија, која за првпат во историјата се свикува по обидот за државен удар, претседателот на Турција истакна: „ѝ се заблагодарувам на Управата за верски работи, која ѝ стои на располагање на нацијата и е во служба на исламот, кој е јасна вера, за организирањето на оваа вонредна седница".
Претседателот Ердоган истакна дека во последните три години Турција била земја во која се случиле многу важни нешта, и додаде дека оружениот обид за државен удар претставува еден од најкрвавите и најсмели настани во тој период.
„Како држава и нација, во фокусот на настаните, кои се тесно поврзани со нашиот опстанок, се наоѓа терористичката организација ФЕТО, која себеси се претставува како една верска структура, една заедница и фондација која дава образовни услуги", рече Ердоган и продолжи: „Всушност оваа предавничка структура успеа да опстане 40 години во нашето општество, како канцерогена клетка, како заразен вирус, истакнувајќи ги во преден план верските вредности за свој опстанок и постојан раст. Одвреме-навреме, ќе чуевме: ‘Тие не се вооружена организација’. Ние ќе им речевме: ‘Имате донесено погрешен заклучок. Тоа е организација којашто кога ќе дојде часот за оружје, него најдобро ќе го употреби’. – Како е тоа можно’, ќе запрашаа, а нашиот одговор беше: ‘Видете, тоа е организација којашто е инфилтрирана во нашите вооружени сили, со таков карактер што кога ќе дојде време, оружјето од војската ќе го завртат против нацијата’. Беа скептици, не веруваа во тоа. Се разбира дека тогаш не бевме во состојба тоа отворено да го кажеме пред народот, на плоштадите. За тоа зборувавме на специјални состаноци. Откако сето ова излезе на виделина, тие наши пријатели дојдоа и почнаа да ни велат: ‘Сте биле во право’.
Претседателот Ердоган понатаму во својот говор рече: „Лицата што ја почитувале верата, кои ги извршувале верските обврски, правеле добри нешта, како кон сите групи, и кон оваа структура се приближиле со добра намера, се грижеле за членовите, ги заштитувале и ги поддржувале. Уште од времето на еднопартискиот систем, долго време овие членови беа напаѓани од државните субјекти на еден погрешен начин, во форма на фундаментална параноја, по што оваа заедница продолжи да опстојува под заштитата на народот. Покојните Озал, Демирел, Еџевит, па дури и јас самиот, иако како државни функционери и политичари имавме различни ставови, во најдобра намера ѝ помагавме на оваа структура. Отворено зборувам, јас лично, иако не учествував во многу нешта, им помогнав во секој сегмент“.
- „Долго време не забележавме" -
„И покрај сите сомнежи во врска со лидерот на организацијата и нејзините членови, ги толериравме нивните активности во земјата и во странство, кои ги извршуваа во име на образованието, помошта и солидарноста што ја даваа. Мислевме дека имаме нешто заедничко со нив. Но верувајте ми дека долго време не можевме да воочиме, да видиме дека таа стуктура има други намери, подмолни сметки, инструменти, средства скриени под наметката. Всушност, доколку се навратиме наназад, кон 2010 година, нивното откривање го споделив со неколку мои пријатели. Се разбира дека од таа година нашиот став се смени“, рече претседателот на Турција, Ердоган.
Ердоган истакна дека особено по 2012 година, на отворен начин ја искажал својата резервираност кон оваа структура.
„Во тој период имаше операции насочени кон кадарот на турските вооружени сили и имавме големи сомневања околу судските процеси против нив, кои ги споделив со одговорните. Не можеа да ме убедат во оправданоста на подигнатите обвиненија и причините за апсење на командантите кои многу години ги познавав, и со кои долги години соработував. Сериозно сум вознемирен, бидејќи на ист начин, членови на оваа структура навлегоа во јавниот и во приватниот сектор, заради концентрирање на моќта и не им го оспорувале правото на живот на сите оние што не биле дел од нивната структура. Но во тоа време, освен во меѓусебните разговори со пријателите, имавме тешкотии тоа да го зборуваме јавно“.
- „Заврши времето на сомневање, започнува времето на борба" -
„Обидот за пуч кој го доживеавме во периодот од 17 до 25 декември 2013 година беше потег во кој за првпат можевме да го видиме вистинското лице на оваа предавничка организација“, рече турскиот преседател Ердоган и продолжи: „Дури и ова не бевме во можност да го споделиме со голем број пријатели. Кога сѐ беше на виделина и во нашите раце беше шемата на оваа организација, повторно дел од нашите пријатели не веруваа и ни велеа: ‘Тие луѓе не би учествувале во такво нешто’. ‘Немојте, тие прават многу значајни чекори во една операција’, им реков. Знам дека сѐ уште има такви кои не веруваат. За жал, сѐ уште има такви кои ‘гледаат, но не забележуваат’. Заврши времето на сомневање, започнува времето на борба“.
- Време е за барање одговорност на секое поле -
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган алудирајќи на терористичката организација ФЕТО, чиј лидер е Фетула Ѓулен, истакна дека дојдено е времето за барање одговорност.
„Започна времето за борба, време е за барање одговорност на секое поле. Поради дволичноста што ја има овој плевел, имаме сериозни сомневања кон оние што рекоа дека ‘се покајале'".
„Во оваа сала изјавувам. Од овој час, секој кој ќе продолжи да ги слуша измамите на шарлатанот од Пенсилванија, на лидерот на терористите, значи дека однапред ги прифатил последиците кои можат да му се случат", истакна претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.
news_share_descriptionsubscription_contact
