АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин, истакна дека обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули претставува темна ноќ во историјата на Република Турција , пренесува Anadolu Agency (AA).
„Обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО ПДЈ, на чело со Фетула Ѓулен, е темна ноќ во историјата на Турција. Со храбриот отпор и жртвувањето на турскиот народ во сите сфери на животот, се претвори во светол ден. Како последица на државниот удар, се појави општествен и политички консензус – кој е критичен за структурната сила на турската демократија”.
Калин, во колумната под наслов "Нов политички консензус по државниот удар во Турција" во весникот "Дејли Сабах" истакна дека новиот политички консензус е за одбрана на демократијата, слободата и владеењето на законот против сите закани, внатрешни и надворешни. Тој го нагласи заедништвото на милиони луѓе од различни социјални и политички кругови кои излегоа на улиците со цел да го спречат обидот за државен удар.
“На 25 јули, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, одржа состанок со претседателот на опозициската Републиканска народна партија (ЏХП), Кемал Киличдроглу и претседателот на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, да разговараат за обидот за државен удар како и процесот по него. На 26 јули, Киличдароглу изјави дека Фетула Ѓулен, главниот осомничен за државниот удар, треба да биде екстрадиран во Турција. Бахчели и другите го потврдија неговиот повик. Барањето за екстрадиција на Ѓулен е поддржано од страна на поголемиот дел од јавноста во Турција, политичките партии и невладините организации од различни политички агли”.
Во својата статија Калин истакнува да не се занемарува овој консензус од страна на САД и Европа, велејќи дека тоа би било голема грешка. Сепак, многу луѓе во Турција мислат дека САД претставува засолниште на Ѓулен, дозволувајќи му да го злоупотреби Американскиот правен систем во своја полза.
“Ние сме убедени дека владата на САД ќе соработува со Анкара во врска со екстрадицијата на Ѓулен. Фетула Ѓулен претставува безбедносна закана за народот во Турција и опасен криминалец за САД. Веќе постојат голем број на истраги во училиштата на Ѓулен, визните режими и перењето на пари во САД. Доколку на Ѓулен му се дозволи да го искористи американскиот систем на еден или друг начин, многу тоа ќе го видат како поддршка за него – правец на дејствување кој ќе ги поттикне анти-американските чувства во Турција”.
Понатаму Калин вели дека повеќето Европејци и Американци не го сфатиле размерот и ја потцениле суровоста на обидот за државен удар во Турција.
"Наместо поддршка на Турција во нејзината борба против Ѓуленистите, претставниците на ЕУ се зафатени со држење предавача на Турција за демократијата и владеењето на правото. Некои дури одат дотаму што не обвинуваат како ние да сме го извршиле државниот удар", пишува Калин со критики кон однесувањето на ЕУ и САД.
Во статијата Калин понатаму вели дека постои распострането чувтсво на изненаденост и разочарување што западните сојузници ја потцениле суровоста на обидот за државен удар.
“Западните земји го осудија ударот но се воздржаа од коментарот во врска со пучистите. Срамно е тоа што ниту еден претседател на земја од ЕУ, министер или високо официјално лице с è уште ја нема посетено Турција по обидот за државен удар. Инфилтрирањето на Ѓулен во турската држава предизвика многу штета и нестабилност, резултирајќи со државниот удар на 15 јули. Како и терористичката организација ПКК така и Ѓуленистите, го злоупотребуваат правниот и политички систем на Европа и САД за нивна сопствена заштита. Ова мора да заврши. Сега, луѓето сакаат да се стави крај ова и бараат правда”. “Што се однесува до отстранувањето на Ѓуленистите од државните институции, тоа не е многу различно од она што се случи за време на обединувањето на Источна и Западна Германија во 1990 година со познатиот процес “Einigungsvertrag”. Во рамките на тој договор, околу 500.000 државни службеници од Источна Германија беа отпуштени од нивните работни места или суспендирани. По шест месеци, многумина од нив беа отпуштени. Кратко по обединувањето, сите генерали и адмирали во 88.000 источно -германската армија беа истерани. Само на мал број војници од низок ранг им беше дозволено да влезат во новата германската армија. Во однос на државните службеници и војници, голем број на академици, професори, дипломати и новинари беа отпуштени од страна на германската држава, под обвинение за поврзаност со стариот режим во Источна Германија”, истакна во колумната портпаролот на турското Претседателство.
Според него, германските власти ги презеле овие екстремни мерки за да обезбедeдат непречена транзиција на обединета Германија.
”Турција само што се справи со крвавиот обид за државен удар и се обидува да се опорави по смртоносните последици. Оние кои навистина се грижат за демократијата во Турција треба да ја поддржат борбата на државата против пучистите и членовите на теористичката организација ФЕТО ПДЈ”, додава Калин.
На крајот Ибрахим Калин истакнува дека општонародниот консензус за државниот удар на 15 јули и улогата на ФЕТО во него претставува извор на сила и издржливост за турската демократија.
Меѓу другото додава дека Владата, во консултација со опозициските партии, воведува структурни реформи за спречување на било каков иден обид за државен удар. "Овие мерки ќе воспостават транспарентност и одговорност како основни елементи на демократијата и владеењето на Турција. Ова претставува начин на влевање доверба во државата и армијата и начин да се обезбеди сигурност дека ваквиот обид за државен удар нема да се повтори".
news_share_descriptionsubscription_contact
