Sevil Çelik
23 Јули 2017•Ажурирај: 23 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседастелот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека властите во Израел мораат да престанат да со потезите кои ја зголемуваат тензијата и го дестабилизираат регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во својство на претседател на Самитот на организации за исламска соработка, ги повикувам властите во Израел да ги почитуваат човековите права и основните слободи. Како и вчера, Турција и денеска и секогаш ќе го поддржува процесот на градење мир и ќе ги подджува Палестинците во стекнувањето на слобода, права и правда”, порача Ердоган.