Kemal Karadağ
17 Декември 2021•Ажурирај: 18 Декември 2021
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се заблагодари на Илон Маск, извршниот директор на компанијата за производство на електрични автомобили „Тесла“ и основач на компанијата за истражување на вселената „Спејс икс“, за помошта во лансирањето на „Турксат 5А“, турскиот комуникациски сателит, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското претседателство денеска го објави видеото од вчерашниот разговор меѓу Ердоган и Маск, во чиј тек тие разговараа за голем број прашања од дигиталната економија, Националната вселенска програма на Турција и првиот домашен електричен автомобил ТОГГ во земјата.
Ердоган рече дека сателитот „Турксат 5Б“ ќе биде лансиран во вселената в недела преку „Спејс икс“ и му се заблагодари на Маск што ѝ помогнал на Турција со лансирањето на сателитот 5А во јануари.
„Ќе ви подариме НФТ [незаменлив токен] на сателитска уметност создадена од 5.000 наши деца“, додаде тој.
Маск изрази благодарност за подарокот, велејќи дека со нетрпение очекува да го лансира сателитот и да направи многу работи со Турција во иднина.
Маск, најбогатиот човек на светот, неодамна беше прогласен за личност на годината за 2021 година од страна на магазинот „Тајм“ (Time).