Ferdi Türkten
06 Април 2019•Ажурирај: 07 Април 2019
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, в понеделник на 8 април ќе отпатува за Русија, по повод 8. состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Одделот за комуникации при Канцеларијата на претседателот на Турција соопшти дека на 8 април, на состанокот на Советот за соработка на високо ниво, со кој ќе претседаваат лидерите на Турција и Русија, Реџеп Таип Еродган и Владимит Путин, ќе учествуваат министри и други официјални лица од двете земји.
Се нагласува дека во текот на состанокот сеопфатно ќе стане збор за билатералните односи меѓу Турција и Русија, како и за регионалните и глобалните теми. Се очекува на состанокот да бидат потпишани и низа билатерални договори.
Во рамките на состанокот на Советот за соработка на високо ниво, Ердоган и Путин ќе се состанат и со претставниците од бизнис-секторот на двете земји.