ИСТАНБУЛ
Емин ИЛЕРИ
Со приближувањето на крајот од историското префрлување наречено „Голема селидба“, започнаа летовите од аеродромот „Истанбул“ во Турција и во светот.
Завршен е поголемиот дел од префрлувањето од аеродромот „Ататурк“ на аеродромот „Истанбул“, наречено „Голема селидба“. Аеродромот „Истанбул“, кој ја презеде функцијата, започна да ги пружа своите услуги за новите летови.
Аеродромот, кој претходно ги нудеше услугите за чекирање на летовите за странство, започна со летовите и во рамките на Турција.
Освен авионите од флотата на „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“ THY), кои го зазедоа местото одвоено за нив на аеродромот, на аеродромот започнаа да слетуваат и авионите од други авиокомпании.
Аеродромот „Ататурк“ го користеше кодот ISL, а аеродромот „Истанбул“ доби нов код IST.
Новиот аеродром ги отвори своите услуги за цивилните возила, автобусите на градскиот превоз, специјалните возила на HAVAİST и таксистите. Патниците кои на аеродромот доаѓаат од различни места од Истанбул, можат да ги користат услугите на овие сервиси.
- Аеродромот ќе биде поврзан со централниот систем на истанбулското метро
Со завршувањто на транспортот на пистата, новиот аеродром ќе има капацитет од 2.000 полетувања и слетувања, кон повеќе од 350 точки. Аеродромот ќе биде домаќин на 250 авиокомпании.
Со цел патниците на аеродромот да ги користат услугите на централниот метро-систем на градот, продолжуваат работите околу воспоставувањето на линијата во населбата Гајреттепе од една страна и населбата Халкали од друга страна.
Се планира првенствено да се отвори метро-линијата Гајреттепе - аеродром „Истанбул“. Меѓу другото, се планира аеродромот „Истанбул“, во однос на патничкото искуство, да стане „еден од најзначајните аеродроми во светот“.
Од поставувањето на камен-темелникот досега, аеродромот „Истанбул“ зеде награди на повеќе полиња, а носител е и на сертификатот „Design“ на Институтот „Uptime“.
- Опремен е со најнова технологија
Докажувајќи се на интернационално ниво, аеродромот „Истанбул“ со златни букви ќе биде испишан во цивилното воздухопловство, благодарение на големиот број функции кои за првпат се нудат. Пистите на аеродромот нудат можности суперџамбо авионите, како што се „Аирбус А380“ и „Боинг 747-8“ многу лесно да слетаат, а терминалите се со богата понуда која ќе го искачат во светскиот врв според искуството на патниците.
Аеродромот е опремен со роботи, вештачка интелигенција, скенирања на лик и други опции, со што се олеснува обработката за лични податоци, а за удобноста и конфорот на патниците, тој е опремен со смарт-системи, безжични мрежи, нова генереција безжична GSM и LTE инфраструктура, и сензори и објекти кои зборуваат.
За безбедноста на аеродроот се задолжени 3.500 лица и 9.000 најмодерни камери. Безбедноста во исто време ќе биде водена од виртуелната кула сместена во терминалот.
- Аеродромот го отвори претседателот на Турција, Ердоган
Првата фаза на аеродромот „Истанбул“, изграден на површина од 76,5 милиони квадратни метри беше отворена за летови на 29 октомври 2018 година, од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
На церемонијата на отворањето на аеродромот „Истанбул“, кој ќе биде најголем во светот, одржана на Денот на Републиката, учествуваа повеќе од 50 високи државни претставници од над 50 земји. Во првата фаза аеродромот имаше 5 полетувања и слетувања.
- Првата фаза заврши за 42 месеци
Аеродромот, кој чини 26 милијарди и 140 милиони евра, со капацитет од 90 милиони патници во првата фаза годишно, функционира со матичната терминална зграда, контролна кула, две писти и згради за поддршка на површина од 1,4 милион метри квадратни.
Во првата фаза која беше завршена за 42 месеци, работеа 200.000 работници.
За отворањето на првата фаза од аеродрмот, чија вкупна површина изнесува 76,5 милиони квадратни метри, инвестирани се 6 милијарди евра. Аеродромот, со наредните фази, во зависност од истражувањата за патничкиот тек, ќе биде завршен до 2023 година.
Со 6 одделни писти, капацитет од 500 авиони, отворен и затворен паркинг за 70.000 возила и капацитет од 200 милиони патници годишно, тој ќе биде најголемиот аеродром во светот.
- Го поседува најдобриот систем за багаж
На аеродромот „Истанбул“ ќе биде намалено и времето за чекање на багажот.
Благодарение на капацитетот од 10.800 багаж на час и должината на системот за багаж од 42 километри, багажот којшто ќе биде собиран од 13 локации за чекирање, ќе пристигне до авионите и патниците, без губење екстравреме.
За магационирање на багажот кој ќе пристигне порано, задолжен е одделен систем EBS.