Merve Yıldızalp
21 Септември 2023•Ажурирај: 22 Септември 2023
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, јавува Анадолу.
Ердоган во телефонскиот разговор од својот колега Алиев доби информации за најновата ситуација во операцијата што ја започна Азербејџан во врска со регионот Карабах, се наведува во соопштението од Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије.
Ердоган уште еднаш му ја изрази на Алиев сесрдната поддршка на Туркије за Азербејџан.
За време на разговорот двајцата челници разменија мислења и за регионални прашања кои блиску ги засегаат двете земји.