Hatice Şenses Kurukız,Sefa Mutlu,Berk Özkan,Kaan Bozdoğan
24 Јули 2020•Ажурирај: 24 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во Големата џамија „Аја Софија“, која по 86 години се отвори за извршување молитви, рецитираше делови од светата книга на муслиманите, Куранот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган учествуваше во програмата одржана од страна на Управата за верски работи на Република Турција во Големата џамија „Аја Софија“, во која се рецитираа делови од Куранот.
Во овие рамки, Ердоган рецитираше делови од Куранот, односно сурата Ел-Фатиха и првите пет ајети од сурата Ел-Бекаре.
Потоа присутните извршија молитва под водство на претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.
Дел од присутните со своите телефони ги снимаа моментите кога Ердоган рецитираше делови од Куранот.