Aynur Ekiz
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Мајк Помпео, пристигна во Турција, посета што ја реализира во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, кој исчезна на 2 октомври по влегувањето во Саудискиот конзулат во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Помпео изутринава пристигна на аеродромот „Есенбога“ во Анкара, каде што е примен на средба од страна на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
На средбата се присутни и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, претседателот на МИТ, Хакан Фидан, и претседателскиот портпарол, Ибрахим Калин.
Според соопштеното, Помпео за време на средбата ќе информира за неговите средби во Саудиска Арабија.
Потоа Помпео ќе се состане со неговиот турски колега, Чавушоглу, со кого ќе разменат мислења околу билатералните односи, како и за регионални и меѓународни теми, како што е сириската криза.
Помпео вчера во саудискиот главен град, Ријад, се сретна со саудискиот крал Селман бин Абдулазиз, престолонаследникот, принцот Мухамед бин Селман, и неговиот саудиски колега, Адил ел Зубејир, и ја повтори загриженоста на САД околу случајот и укажа на важноста на процесот на истрагата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно истакна дека побарал од Помпео да ја посети Турција во врска со случајот. „Ќе продолжиме да бидеме во близок контакт со турските и саудиските власти сè додека завршат истрагите и се откријат наодите“, рече тој.