Nurettin Coşkun
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - „Прашањето за Ерусалим (Кудс) не е прашање само на една мала група муслимани во Палестина, туку тоа е прашање на сите муслимани во светот“, порача денес во Истанбул претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ерусалим е црвената линија за муслиманите, да се брани Ерусалим значи да се брани човештвото“, порача Ердоган во обраќањето на Меѓупарламентарната конференција на Платформата за Ерусалим во Истанбул.
Турскиот претседател додаде дека холокаустот е злосторство против човештвото, злосторство против човештвото е и бомбардирањето на децата додека играат на плажа, потсетувајќи на злосторствата на израелските сили над Палестинците.
„Израел последните 50 години свесно се обидува да ги избрише трагите на исламското наследство во Ерусалим (Кудс). Нема да успее во тоа. Ерусалим е црвената линија за муслиманите, да се брани Ерусалим значи да се брани човештвото“, рече Ердоган.
Тој ги повика Палестинците на единство.
Ердоган потсети дека „муслиманите во светот ја трошат енергијата на јалови расправии наместо на борба против неправдата во светот“.
Порачувајќи дека „светот е поголем од пет“ Ердоган го повтори и повикот за реформи во Обединетите нации (ОН).