Beyza Binnur Dönmez, Gözde Bayar
09 Септември 2021•Ажурирај: 10 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турција беше напуштена во своите напори да спречи нерегуларна миграција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Турција е оставена сама во својата извонредна борба да спречи нерегуларна миграција која потекнува од Сирија“, рече Ердоган во видеопораката испратена до симпозиумот за Егејското Море и односите со Грција.
Истакнувајќи дека бегалската криза може да биде значајна во зајакнувањето на соработката меѓу Турција и Грција, Ердоган рече дека Атина ја загубила оваа можност со својот „бескомпромисен став“.
Тој рече дека Турција очекува Грција да ги почитува нејзините права и интереси и ја повика соседната земја да избегне „еднострани дејствија“ и „обиди за извршено дело“.
„Ќе најдеме решенија засновани на правичност, правда и соработка со Грција, набљудувајќи ги соседските врски“, додаде тој.