Претседателот на Турција, а воедно и претседател на Партијата на правда и развој (АК Партија), Реџеп Таип Ердоган, во врска со вакцината на Турција против новиот вид коронавирус (Ковид-19) истакна дека планираат употреба на вакцината најдоцна до април 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган имаше свое обраќање на состанокот на АКП во Големото народно собрание на Турција (ТБММ) во Анкара.
Тој говореше за работите за развивање вакцина против Ковид-19 на другите земји, и рече дека одблизу ги следат сите вакцини развиени во Кина, Русија, Америка и Европа.
„Се надеваме дека до крајот на наредниот месец се надеваме дека ќе бидеме во можност да ги извршиме првите имплементации. Вакцината која ја развиваме, планираме да ја ставиме во имплементација најдоцна во април“, нагласи Ердоган, упатувајќи апел истражувањата за вакцина да не бидат жртвувани за политички или трговски амбиции, туку да бидат заедничка сопственост на целото човештво.
„Се надеваме дека вакцината која ќе ја развиеме, ќе ја понудиме во служба на целото човештво по најповолни услови“, додаде тој.
Турскиот претседател се осврна и на Самитот на лидерите на Г20 (G20) во Ријад кој рече дека се одржа онлајн и во период кога човештвото води борба против пандемијата.
„Еден систем кој не му служи на човештвото, не му дава спокојство, мир и вредност, и кој не осигурува правда и безбедност, нема шанси да биде успешен. Актуелната глобална економска архитектура, базирана на амбиции, доминација, неправда и рента, не може да го штити ниту човекот ниту природата“, рече Ердоган.
Тој нагласи дека поврзувањето на околу 1.5 милиони смртни случај во светот само со смртоносниот ефекти на вирусот ќе беше необмислен пристап.
„Деформираната структура на глобалниот систем кој произведува проблеми наместо решенија и кој ги продлабочува проблемите, исто така придонесува во создавање на овој страшен изглед“, истакна тој.
Турскиот претседател говореше и за последните настани во врска со Нагорно Карабах, и истакна: „Благодарение на поддршката на нашата земја, заврши ерменската окупација во Карабах, кој е територија на Азербејџан. За прв пат се зголеми надежта за постојано решение“.
Тој се осврна и на економските настани во Турција.
„Започнуваме нова мобилизација на инвестици, производство, извоз, вработување во економијата. По разговорите за буџетот, едно по едно ќе ги спроведуваме сеопфатните реформи во оваа насока“, рече тој, во врска со последните мерки преземени во економијата во земјата.