Abdullah Coşkun
25 Ноември 2020•Ажурирај: 26 Ноември 2020
КОЊА
Античкиот град Килистра во подрачјето на Мерам во турската област Коња, со својата формација наликува на Кападокија. Овој град ги воодушевува своите посетители со разноликоста на боите на есента во својата долина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со црквите, како и цистерните и каналите за вода, овој антички град стар 2.000 години ги носи трагите на Средниот век.


Килистра е формиран преку акумулација на лава како во Кападокија, како и врз вулкански терен.
Овој антички град, покрај историските и природните убавини, во периодот на есента нуди прекрасна глетка, која ги воодушевува посетителите.
Објектите во Килистра каде овие денови преовладуваат тоновите на зелена, жолта и кафеава боја, додека со дрвјата кои се наоѓаат таму, има уникатна убавина.
Античкиот град Килистра своите посетители ги воодушевува и со своите мостови, цистерни и места за молитва, како и со своите природните убавини.