Çiğdem Münibe Alyanak
21 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, испрати порака по повод Светскиот ден на Дауновиот синдром, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Изразувам голема почит и љубов кон браќата и сестрите со Даунов синдром и нивните ценети семејства на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром“, рече Ердоган во пораката објавена на социјалните мрежи.
Истакна дека целта на одбележувањето на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром е да се подигне свеста за лицата со посебни потреби.
„Вие го збогатувате нашиот свет и го правите поубав“, додаде турскиот претседател.
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува на 21 март секоја година со цел подигнување на свеста, а тој датум е избран за да се одбележи единственоста на Дауновиот синдром во трисомијата на 21. хромозом.
Симболот на Денот на Дауновиот синдром се распар чорапите бидејќи лицата со Даунов синдром не можат да ги спарат, па на денешен ден луѓето низ светот носат различни чорапи за да ја покажат својата поддршка за борбата на лицата со овој синдром за подобро интегрирање во општеството.