Çiğdem Münibe Alyanak,Sefa Mutlu
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
КОЏАЕЛИ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој воедно е и претседател на Партијата за правда и развој (АК Партија), истакна дека спасувањето на Шуша од окупацијата е показател на тоа дека наскоро ќе бидат ослободени и останатите окупирани територии, упатувајќи честитки до азербејџанскиот претседател, Илхам Алијев, и до сите Азербејџанци, јавува Агеција Анадолија (АА).
Ердоган имаше свое обраќање на 7. редовен градски конгрес на АК Партијата во Коџаели, на кој говореше за настаните во Азербејџан.
На почетокот на своето обраќање, турскиот претседател, поради ослободувањето на градот Шуша од ерменската окупација, упати честитки до своите азербејџански браќа, кои водат борба за ослободување на своите територии, меѓу кои е и Нагорно Карабах.
Ердоган рече дека по околу 30 години трпение, Азербејџанците постигнале победа во оваа насока, а како што рече тој, тие биле запоставени и измамени од страна на Тројката од Минск.
Тој нагласи дека Турција од самиот почеток стои покрај своите азербејџански браќа.
„Радоста на нашите азербејџански браќа, кои по судирите што започнаа со агресијата на Ерменија, чекор по чекор ги ослободија окупираните градови и Карабах, е и наша радост“, истакна Ердоган.
„Спасувањето на Шуша е показател на тоа дека наскоро ќе бидат ослободени и останатите окупирани територии. Уште еднаш во мое име, во име на моето семејство и мојот народ, упатувам честитки до сите наши азербејџански браќа, пред сè до мојот брат Илхам Алијев“, додаде турскиот претседател.