Abidin Mutlu Bozdağ
23 Декември 2020•Ажурирај: 24 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Откриени се 2 килограми и 650 грама кокаин на аеродромот „Истанбул“, скриен зад 12 слики на познатиот фудбалер Диего Армандо Марадона, известува Агенција Анадолија (АА).
Царинските екипи на аеродромот „Истанбул“ спроведоа операција во која поради сомнителното однесување на 72-годишниот М.Р., германски државјанин со хрватско потекло, кој од Колумбија слетал на аеродромот Истанбул, пребаран е неговиот багаж со томографски уред за скенирање со х-зраци.
При томографското скенирање забележана е сомнителна густина меѓу сликите во багажот, по што багажот е контролиран и со кучиња. По реакцијата на кучињата, откриени се 2 килограми и 650 грама кокаин скриен во позадината на сликите.
Лицето е приведено, а откако е изведено пред суд, доделен му е притвор.