Ayşe Şensoy Boztepe
23 Декември 2020•Ажурирај: 26 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека извршена е најдлабоката операција за снимање со сонар во историјата на Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Нашата морнарица ја изведе најдлабоката операција за снимање со сонар во историјата на Република Турција“, информираше Министерството преку Твитер
Истакна дека во операцијата со ‘TCB ORKİNOS‘ во Источниот Медитеран земени се инсерти на длабочина од 2.800 метри и е постигнат голем успех.
Сонарот, инаку, може да идентификува до длабочина од 3.000 метри.