Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
22 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ДИЈАРБАКИР (АА) - Турските безбедносни сили запленија над седум милиони стебла канабис и над еден тон дрога канабис од 89 локации во југоисточна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Запленувањето е дел од операцијата на жандармеријата во руралните подрачја Баглан и Кабакаја, во југоисточната област Дијарбакир, за запирање на трговијата со дрога на терористичката организација ПКК и за изведување на сторителите пред лицето на правдата“, се вели во соопштението на гувернерот.
Конфискувани и уништени се над 1.600 килограми канабис заедно со 7,5 милиони стебла канабис, 8.400 метри долги цевки за наводнување и шест мотори за црпење вода.
Тоа е најголемата количина на запленет канабис во една операција, во последните четири години.
Уапсен е и еден осомничен кој се обидувал да избега од местото.
ПКК ги финансира своите терористички активности преку трговијата со дрога уште од 1980-тите години. Интерпол проценува дека 80 отсто од европскиот пазар на дрога се снабдува од мрежи на криумчарење под контрола на ПКК.
Турските власти конфискуваат пратки на наркотици на ПКК уште од 1980-тите години.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.