Seda Sevencan
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ХАТАЈ (АА) - Две турски хуманитарни организации денес испратија шест камиони со хуманитарна помош во Идлиб, северозападна Сирија, каде што милиони луѓе имаат потреба од помош поради конфликтот во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пакети помош, што се состои од брашно, облека и сува храна, од хуманитарните организации „Адана Достелер“ и „Ескишехир Ѓунишиги“, влегоа во Идлиб преку граничниот премин „Јајладаги“ во јужната турска област Хатај.
Помошта ќе биде поделена на семејствата што живеат во шаторските населби во Идлиб.
Во Сирија владее граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Асад со жестока свирепост ги разби продемократските протести.
Според Обединетите нации (ОН), стотици илјади луѓе загинаа, а над 10 милиони се раселени.
Идлиб спаѓа во деескалационата зона според договорот од 2018 година склучен меѓу Турција и Русија. Подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од режимот на Асад и неговите сојузници.
Во Идлиб моментално живеат 4 милиони цивили, меѓу кои и стотици илјади раселени што во последните години избегаа во Идлиб поради нападите на режимските сили низ целата земја.