Hikmet Faruk Başer
29 Јуни 2022•Ажурирај: 04 Јули 2022
ИСТАНБУЛ
Истанбул во мај беше домаќин на 1.402.366 странски посетители, со што го собори рекордот на најголем број туристи во последните 33 месеци, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Дирекцијата за култура и туризам на Истанбул, бројот на странски туристи кои го посетиле градот во првите пет месеци од годинава изнесува 5.284.714. Во мај Истанбул го посетиле 1.402.366 луѓе.
Во мај, 1.381.339 луѓе дошле во градот по воздушен пат, додека бројот на оние кои го посетиле градот по морски пат изнесува 21.027.
Истиот месец, 1.444 туристи дошле од Аеродромот „Ататурк“, 373.527 туристи од „Сабиха Ѓокчен“ и 1.006.368 туристи од Аеродромот „Истанбул“.
Аеродромот „Истанбул“ го користеле 72,85 отсто од странците кои пристигнале со авион, а 27,04 отсто го користеле Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“.
- Германците го зазедоа првото место по бројот на туристи
Кај странците кои дојдоа во Истанбул, првото место го зазедоа Германците со 115.635 туристи.
По Германците следуваат Иранците со 98.751 турист, Русите - 92.455 туристи, Американците - 70.733 туристи, Британците - 65.243 туристи, Французите - 57.824 туристи, Израелците - 46.755, Ирачаните - 34.816 , Холанѓаните - 34.777 туристи и Узбекистанците со 32.204 туристи.
Германците го сочинуваат 8,25 отсто од вкупниот број посетители на Истанбул, Иранците 7,04 отсто, Русите 6,5 отсто, Американците 5,04 отсто, Британците 4,65 отсто, Французите 4,12 отсто, а Израелците, 3,33 отсто.
- Во мај во Истанбул дојдоа туристи од 194 земји
Во наведениот период во Истанбул дојдоа туристи од 194 земји. Од земјите како што се Тувалу, Федералните Држави на Микронезија, Тонга, Папуа Нова Гвинеја и Гвајана дојдоа само по едно лице.
Во август 2019 година Истанбул беше посетен од 1.540.120 туристи. Истанбул во мај беше домаќин на 1.402.366 странски посетители, со што го собори рекордот на најголем број туристи во последните 33 месеци.