Ayşenur Sağlam
05 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
ИСТАНБУЛ (AA) – Во акција на припадниците на граничната полиција на Република Турција организирана на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, запленети се 24.800 таблети екстази, јавува Anadoilu Agency (AA).
Од Министерството за трговија на Република Турција соопштено е дека екипите на Одделот за борба против криумчарење при Царинската управа во Истанбул во текот на контролата на патниците забележале сомнително лице.
Станува збор за патник кој од Амстердам преку Истанбул патувал кон Кабул, во Авганистан.
Извршена е контрола на два куфера, а специјално дресираните кучиња укажале на можноста од постоење на забранета материја.
Во текот на додатната контрола пронајдени се 24.800 таблети со вкупна тежина од 6,2 килограми, а тестот покажа дека станува за екстази.
Државјанинот на Авганистан е уапсен, а вредноста на запленетата дрога се проценува на околу милион лири (околу 170.000 евра).