Süha Gür,Ercan Çakar
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Прво место на 38. Водафон маратон којшто се одржа денес во Истанбул, првото место во машка катергорија го зеде Еванс Киплагат од Азербејџан, јавува Anadolu Agency (AA).
Во маратонот долг 42 километри и 195 метри, којшто започна 250 метри по наплатните рампи на „ Мостот на загинатите херои од 15 јуни“, а којшто заврши на плоштадот пред Султанахмед, победи Еванс Киплагат.
Второто место го освои Шура Китата Тола од Етиопија, а пак на третото место заврши Питер Кипто од Кенија.
Во женска конкуренција првото место го зеде Агнес Барсосио од Кенија.
Второто место го освои Сечале Адугна Даласа од Еиопија, додека нејзината сонародничка Рахма Туса Чота стигна на третото место.