Kenan Irtak
27 Август 2017•Ажурирај: 27 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Товарниот брод „Леонардо“ долг 114 метри, кој пловеше под монголско знаме се преполови во подрачјето Саријер, Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Дирекцијата за безбедност на турското крајбрежје соопшти дека бродот кој заминувал на поправка во доцните часови почнал да се наведнува, при што се преполовил откако бил усидрен.
Екипите успеаја да го спасат десетчлениот екипаж составен од државјани на Русија и Индија и капетанот со потекло од Азербејџан.
На спасените лица им е укажана медицинска помош.
Дел од бродот остана во водата, а другиот е извлечен на копно.