Ayşe Hümeyra Atılgan
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција уапси 11 лица осомничени за поврзаност со нападот од минатиот месец врз редакцииите на турските весници "Јени шафак" и "Јени Aкит", јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата во Истанбул се вели дека членовите на полицискиот оддел за борба против тероризмот рано изутрина извршиле акција и претрес на 20 локации во Истанбул при што заплениле обемна документација и дигитални материјали на група чии членови се уапсените.
Уапсените се осомничени членови на милитантната група БОГ (BOG) која е основана во сирискиот град Кобане, населен главно со Курди.
Оваа група соработува со групата ПЈД, сириското крило на терористичката организација ПКК и на Марксистичко-ленинистичката комунистичка партија, а двете организации се на листата на терористички групи во Турција.
Група маскирани вооружени напаѓачи во утринските часови на 11-ти февруари изведе симултани напади на истанбулските редакции на турските весници "Јени шафак" и "Јени Акит". Во нападите немаше повредени.