Emine Dalfidan
01 Март 2016•Ажурирај: 02 Март 2016
ИНСТАHБУЛ (AA) - Градењето на третиот истанбулски аеродром се одвива по планираниот тек. Моментално, на овој мега проект работат околу 13.000 работници од 15 земји од светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Првиот дел од идниот најголем аеродром на светот ќе биде отворен во февруари 2018 година, а репортерската екипа на АА од птичја перспектива ги забележа снимките на моменталните градби кои најдобро зборуваат за големината на аеродромот чиј прв дел ќе има капацитет од 200 милиони патници годишно.
Во претстојниот период на најголемите градежни активности на аеродромот ќе работат и до 30.000 луѓе. Станува збор за проект вреден 10,25 милијарди евра и аеродром кој по својот обем и содржина ќе биде еден мал град и ќе има годишен капацитет од 150 милиони патници.
Паркинг простор за 500 авиони и 70.000 возила, шест писти и 12 патишта за такси возилата се само некои од содржините на аеродромот кој се гради простор од 76,5 милиони метри квадратни.
Локалните власти и изведувачите на активностите посебна грижа водат и за заштита на околината, па секое стебло кое може да се пренесе го пресадуваат на други локации во Истанбул, а најавено е и засадавуање на пет садници за секое старо стебло кое ќе биде исечено.
Секое исечено стебло се заведува во евиденцијата и соодветно на тоа најавено е засадување на повеќе од 10 милиони садници на различни локации во Турција.