İlkay Güder
14 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското претседателство, Ибрахим Калин, во врска со резолуцијата на Обединетите нации (ОН) за Палестина истакна дека тоа е голем успех за палестинската кауза и правда, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин, во објава во Твитер напиша дека нацрт резолуцијата за заштита на палестинските цивили за која САД ставија вето во Советот за безбедност на ОН, е усвоен во Генералното собрание на ОН со 120 гласа ЗА.
„Ова е еден голем успех за палестинската кауза и правда. Турција ќе продолжи да ја поддржува Палестина во нејзината праведна кауза“, додаде Калин.