Emin Avundukluoğlu
07 Декември 2016•Ажурирај: 07 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турскиот претседател изјави дека нацијата ќе се бори против економските напади со ист дух како што се бореше против пучистите во ноќта на обидот за државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи за обидот за државен удар на денешниот симпозиум во Анкара, Ибрахим Калин изјави дека турскиот народ ќе ја брани својата економија.
Коментарите на Калин следуваат по повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган до граѓаните на Турција да ги заменат своите странски валути во лири и злато за да помогнат во зајакнувањето на вредноста на државната валута.
Девизниот курс на американскиот долар и турската лира, кој до 17.00 часот (14.00 GMT) минатиот петок изнесуваше 3,543, се намали на 3,429 кратко пред пладне по турско време денес.
Калин изјави дека турските граѓани претвориле сѐ во злато и турски лири за да ја заштитат турската економија и националните вредности.
Портпаролот исто така изјави дека обидот за државен удар треба да се гледа како важна пресвртна точка во борбата на Турција против сите терористички организации, вклучувајќи ја и ПКК.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, а станува збор за група што веќе подолго од три децении води оружена кампања против Турција.
Калин додаде дека организацијата ФЕТО, која се товари дека стои зад обидот за државен удар, примила силни удари од страна на турската Влада и народот.
Турција ја обвинува ФЕТО за организирање на обидот за државен удар, како и за водење долготрајна кампања за соборување на власта на Турција преку инфилтрирање во нејзините институции, особено во армијата, полицијата и во судството.