Sibel Uğurlu
07 Декември 2016•Ажурирај: 08 Декември 2016
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше Германија поради инцидентот кој се случил во понеделник на аеродромот Кологне кога турската делегација со потпретседателката на турскиот парламент е задржана поради спорот со личните документи, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменичката на претседателот на турскиот парламент Ајше Нур Бахчеликапили во понеделик е задржана на германскиот аеродром во Келн бидејќи патувала со привремени документи кои и ги издала турската амбасада во Германија откако пријавила дека и е украдена торбичката со пасош.
Германската полиција не прифатила привремени документи, туку пратеничката од турскиот парламент од редовите на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) Бахчеликапи ја осомничила дека илегално влегла во Германија.
Претседателот Ердоган во текот на денешниот прием на челниците на најниските инстанци на локалната власт во Претседателската палата во Анкара изјави дека тој чин на германските власти е неприфатлив и дека Турција би можела да се освети на тоа.
„Им дозволувате на терористите да влегуваат во Германија и им пружате добредојде и засолниште, а со саати ја приморувате нашата потпретседателка на парламентот и делегацијата да чекаат на пасошката контрола. Зарем сега ние би требале да воздратиме на тоа? А, потоа велиде дека Ердоган е диктатор", порача претседателот Ердоган.
Ердоган рече дека по таквиот однос кон потпретседателката на парламентот и таквиот чин на германската полиција и Турција треба да возврати со иста мерка.
Ердоган исто така рече дека турската економија е нападната во клучен период кога турските операции во Сирија или Ирак бележат успеси и кога се конкретизирал предлогот на реформите во Турција кои водат кон воспоставување на претседателскиот систем.
„Го вперија тоа економско оружје во нас кога Турција треба да донесе важни одлуки за Европската унија", рече Ердоган.
Претседателот Ердоган изјави дека смета дека граѓаните на Турција со еднавка решителност ќе продолжат со поддршка на националната валута, турската лира со цел, зачувување на финансиската стабилност.
„Моите сограѓани почнаа сѐ што имаат во девизи да менуваат во турски лири, почнаа да ја купуваат домашната валута. Им благодарам на моите сограѓани што на прво место ја ставаат својата држава, својот народ и ништо понатаму не прашуваат. Верувам дека решителноста во врска со ова прашање ќе остане ненамалена“, рече Ердоган.