Gökhan Düzyol
18 Октомври 2022•Ажурирај: 19 Октомври 2022
АЈДИН - Крајбрежната стража на Туркије спаси 47 нерегулиран мигрант крај брегот на турскиот град Кушадаси во областа Ајдин, откако гумениот чамец на мигрантите бил потиснат во турските територијални води од страна на грчката крајбрежна стража, известува Агенција Анадолија (АА).
Командата на Крајбрежната стража соопшти дека добиле дојава за група нерегулирани мигранти со гумен чамец која се наоѓа недалеку од брегот на Кушадаси, по што веднаш е испратена единица на тоа подрачје.
Во акцијата се спасени и на брегот се извлечени 47 мигрант, по што истите се префрлени во обласната служба за миграции.
Туркије е една од главните рути на мигрантите и барателите на азил на патот кон Европа, особено по започнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година.