Özgür Alantor
10 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
КАСТАМОНУ
На планината Илгаз, од дрон се снимени пејзажи кои ги рефлектираат зборовите „Твојата замаглена глава ги пробива облаците“ искажана во познатата песна „Илгаз, ти си возвишена планина на Анадолија“, известува Агенција Анадолија (АА).
Планината Илгаз, во секое годишно време на своите посетители им нуди нови убавини. Во зима ја добива белата боја, зелената во пролет и лето и сите можни нијанси на портокалова, црвена, жолта, зелена во време на есента.
Маглата, која одвреме-навреме е присатна во регионот, убавините на планината ни ги прикажува во поинакви тонови.
Слојот од магла што ги покрива долните делови на планината снимени се од фоторепортерот на Агенција Анадолија (АА) со дрон.
Фотографот Џебраил Келеш, истакнувајќи дека секој треба да ја види планината Илгаз рече:
„Во моментов сме во долина опкружена со магла под боровите дрвја на планината Илгаз. Има една позната фраза ‘список на работи што треба да ги видите пред да умрете‘. Меѓу нив, треба да ја додадеме планината Илгаз и маглата на планината Илгаз. Не е доволно тоа да се опише со зборови, потребно е да се дојде и да се види. Ги гледаме планини како лебдат во море од магла и боровите дрвја што никнуваат од тоа море. Маглата дава прекрасно чувство. Вреди да се дојде на планината Илгаз не само за снег, скијање или други активности, туку и за маглата“.